Кривична за Миленко за „загрозување на сигурност и ширење расизам и ксенофобија“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од МВР вчера вечер беше известено дека ресорното министерство ќе поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против водителот Миленко Неделковски.

Поради објава на коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на претседателот на Владата на Република Македонија, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 144 „Загрозување на сигурност“ и по член 394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материја по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија – ова е причината поради која ќе биде поднесена кривична пријава според соопштението на МВР.

Неделковски, пред неколку часа, самиот на Фејсбук најави дека полицијата е дојдена на вратата од неговиот дом за да го уапсат.

Откако бил извршен претрес во неговиот дом, биле одземени предмети во интерес на истрагата.