Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка телесна повреда.
Настанот за кој е поднесена пријавата се случил на 24 март кога околу 13.30 часот пријавениот отишол во училишниот двор на Средното училиште Раде Јовчевски Корчагин Скопје и физички нападнал друг 16-годишник од Скопје. Го удирал со клоци и тупаници по главата и телото и му нанел тешки телесни повреди.