Актуелно

Кривична за Канческа, се товари за оштетување на буџетот од 2,8 милиони евра


Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, нејзиниот заменик Драган Недељковиќ и против Ѓ.Т., државен советник за финансиски прашања и раководител на сектор за финансии во Министерството за култура.

Осомничени се за кривично дело „Несовесно работење во службата“ и причинување штета на Буџетот во износ од 170.671.444 денари или 2.770.640 евра.

Како што е наведено во соопштението од Управата, во периодот од јули 2009 до февруари 2017 тројцата осомничени со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности, на начин што спротивно на член 581 став 2 од Законот за трговски друштва, кој децидно наведува странски друштва не можат да вршат дејност на територијата на Република Македонија се додека не организираат подружници, примиле времени ситуации – фактури од странскиот правен субјект Светлост Театар ДОО Белград, кој не е регистриран даночен обврзник во Република Македонија.

Во нив незаконски бил вкалкулиран дополнителен износ претставен како ДДВ од 18 проценти, при што министерот и заменик-министерот потпишале шеесет и четири решенија за преведување средства, а раководителот на сектор за финансиски прашања потпишала налози за исплата на парични средства на штета на Буџетот на Република Македонија, со кои извршиле плаќање во странство врз основа на 11 договори за извршување услуги, стоки и работи.

– Притоа, спротивно на член 14 став 2 од законот на ДДВ, извршиле потивзаконска исплата на ДДВ надвор од границите на Република Македонија, иако извршените услуги, стоки и работи од страна на Светлост Театар ДОО Белград се спроведени на територијата на Р. Македонија, на кој начин со пропуштање должен надзор несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при што на износот од 18.163.131,03 евра или 1.117.032.556 денари причиниле штета на буџетот на Република Македонија во износ од 170.671.444 денари или 2.770.640 евра, соопшти Управата за финансиска полиција.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top