Home Актуелно Кривична за Јанакиески за купопродажба на станови со кои го оштетил буџетот

Кривична за Јанакиески за купопродажба на станови со кои го оштетил буџетот

Полицијата во Прилеп поднела кривична пријава против поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и за актуелен и поранешен државен правобранител и за нотар, за злоупотреба на службената положба.

Јанакиески е осомничен дека во периодот од 2007 до 2010 година, спротивно на одредбите предвидени во Законот за продажба на општествените станови, како овластен застапник на Владата, склучил договори за купопродажба на станови по повластени цени.

Со продажбата на становите, според соопштението, бил оштетен буџетот на Македонија во износ од 2.595.976,оо денари или околу 42 илјади евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…