Кривична за болничар од 8 Септември за земање мито од 300 евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.С. (64) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп. Пријавениот во својство на болничар, вработен во ГОБ 8ми Септември, со намера да се стекне со противправна имотна корист, од пациент директно побарал и примил поткуп во износ од 300 евра.

Пријавениот на 25.05.2017 година од 66годишен пациент од Прилеп директно побарал 300 евра за да го стави прв на листата за чекање за оперативен зафат, а наредниот ден ги зел парите со образложение дека се награда за лекарот кој требало да го изврши оперативниот зафат.

Синот на оштетениот на 25 мај 2017 година го пријавил кривичното дело во Единицата за економски и компјутерски криминал, каде со потврда за привремено одземени предмети, му се одземени шест банкноти во апоени од по 50 евра кои се криминалистичко-техничкки обработени и фотодокументирани по што, врз основа на наредба на Основното јавно обвинителство Скопје и наредба на Основен суд Скопје I Скопје, преземени се мерки и дејствија за обезбедување материјални докази. На 26 мај 2017 година во угостителски објект е остварена средба помегу пријавениот и синот на оштетениот на која пријавениот ги примил парите, по што било извршено негово лишување од слобода.