Кривична пријава за заменик-министерот Владимир Лазовски


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесува Мкд.мк, МВР поднесло кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, заради сообраќајката која ја направи пред неколку месеци.

ОЈО чека лекарската документација за повреденото лице од Градската болница „Св.Наум Охридски”. Барањето било испратено, но од болницата уште не постапиле за да им бидат доставени документите за карактерот на повредите.

„За настанот за кој покажувате интерес, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи на 10 септември, 2019 година. Веднаш е оформен предмет, кој е распореден кај надлежен јавен обвинител и се постапува во насока на утврдување на фактите. Јавниот обвинител, во рамките на предистражната постапка, достави барање за прибирање на медицинска документација за повреденото лице до Градската болница „Св.Наум Охридски”. По доставеното барање се уште не е постапено”, се вели во одговорот од ОЈО Скопје.

Сообраќајката во која учествуваше Лазовски се случи на 29 мај, годинава. Во сообраќајката што се случи на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски” во Скопје, повреден беше моторциклист.

Автомобилот го управувал актерот Лазовски. Од фотографијата која ја објавивме по сообраќајката, се гледа дека автомобилот што го управува Лазовски врти на полна линија.

По собирање на доказите, надлежниот јавен обвинител треба да донесе одлука дали има основа за кривично гонење, а доколку доказите покажат дека има, ќе треба да се одреди и квалификацијата на кривичното дело.

„Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност“, напиша на Фејсбук по сообраќајката заменик-министерот за култура.