Кривичен пресуди – нема нов времен пасош за Камчев


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Иако понуди гаранција од 2 милиони евра за добивање на нов времен пасош, Кривичниот суд донесе одлука бизнисменот Орце Камчев да не добие таква патна исправа.

– Заради интерес на медиумите околу барањето за издавање пасош со ограничен рок на важење за Ј.К. и Ц.П. опфатени во предметот во јавноста познат како „Империја“, ја информираме јавноста дека и Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет, по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање.

За истото веќе се известени странките во постапката, информираат од Кривичниот суд.