Кривичен досуди нови 30 дена притвор за Боки 13 и Зоки Кичеец


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кривичниот совет од Основниот Кривичен суд во Скопје го одобри обвинителското барање за нов 30-дневен притвор на двајцата осомничени во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски и Зоран Милески.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како ‘Рекет’, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, соопшти Кривичниот суд.

Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.