Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Грешка во Bluetooth поврзувањето за Android им отвора простор на кибер-напаѓачите од блиско растојание да преземат контрола над туѓи уреди, и така да вршат злоупотреби со приватни податоци и материјали.
Корисничката интеракција во овие напади не игра никаква улога. Пропустот е откриен неодамна. Грешката е најголема закана за верзиите „Pie“ (9.0) и „Oreo“ (8.0, 8.1), кои се наоѓаат на околу две третини од Android уредите.
Ранливоста, односно аномалијата е присутна само кога е вклучено Bluetooth поврзувањето, при што жртвата воопшто и не е свесна за нападот.
Безбедносниот пропуст го погодува и најновиот Android 10, а можеби и постари верзии од 8.0, но нив безбедносните стручњаци сè уште не ги тестирале.