Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако мислевте дека Вил Смит не може да има полошо издание од Suicide Squad, судејќи според унисоноста на филмската критичка мисла, сте погрешиле.
Неговиот нов футурустички филм, драмата Bright, која ја сними за Netflix, не доби ништо друго освен негативни коментари од филмската критика.
На „томатометарот“ од Rotten Tomatoes, Bright доби има само 32 насто, што е прилично лош резултат.
Дејвид Елдрих од IndieWire напиша: „Постои досадно, постои лошо, а постои и Bright, филм кој е толку ужасен што републиканците ќе се обидат да го претворат во закон за овој Божиќ. Од режисерот на Suicide Squad и сценаристот на Victor Frankenstein доаѓа нова доза на пекол која го претставува новот дно за нив двајца. Досадно и празно мачење кое остава впечаток дека е направено само за да го оправда претходното промашување. Единствена попредвидлива работа од приказната за полицајците е идејата дека за крајот на годината го оставија она најлошото. Екипата од Emoji Movie барем призна дека направија срање. Барем се обидоа тоа малку да го украсат“.
***