Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во интервју кое неодамна го даде за Screen Rant, холивудскиот актер и оскаровец Кристијан Бејл изјави дека нема да има проблем да се врати во костимот на Бетмен, но под еден услов – да се врати и режисерот Кристофер Нолан.
„Не. Никој не ми го спомна. Овде и таму луѓето можат да ми кажат дека слушнале дека некој ми понудил улога, но никој никогаш не ми ја понудил. Имав договор со Крис Нолан. Ако имаме среќа да направиме три филмови, ќе го направиме тоа и само ќе заминеме. Но, ако Нолан некогаш почувствува потреба да раскаже друга приказна и сака да ја раскаже таа приказна со мене, јас би учествувал“, рече Бејл.
Да потсетиме, Бејл првпат го глумеше Бетмен во 2005 година во Batman Begins на Нолан, а тие снимија уште две продолженија, The Dark Knight и The Dark Knight Rises, а со заработка поголема од 1 милијарда долари започна новата ера на филмовите за суперхерои.
Но, шансите Нолан да се врати во Бетмен се исклучително мали, дотолку повеќе што Ворнер започнал нова фаза на Бетмен со Роберт Патинсон во главната улога.