Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако Португалија отпадна од Светското првенство во рамки на осминафиналните натпревари, Кристиано Роналдо со својата поубава половина Георгина Родригез и малишаните заминаа на одмор во Грција, каде престојуваа во луксузен хотел чиј персонал сигурно долго време нема да ја заборават нивната посета.
Новиот играч на Јувентус во хотелот остави бакшиш од речиси 20.000 евра, како што пренесува The Sun, а за тоа имал само еден единствен услов кој ги воодушевил сите. Имено, Роналдо барал од управата бакшишот рамномерно да се распредели на сите вработени во хотелот, на еднакви делови.
Ова лето, после девет години поминати во дресот на Реал Мадрид, Роналдо се пресели во Италија, каде во дресот на Јувентус ќе заработува 30 милиони евра годишно.