Кристиано против Меси – што вели статистиката за 2017


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двата скапоцени бисери на Реал Мадрид и Барселона – Кристиано Роналди и Лионел Меси, последниот меч за 2017 година го дочекуваат со израмнета голова статистика.

И двајцата имаат постиганто по 53 гола од 1-ви јануари до сега. Интернет изданието на „Марка“ детално ги разгледа броевите на двете ѕвезди. Португалецот има 42 гола за „кралевите“ и 11 за својата репрезентација. Аргентинецот постигнал 49 гола за Барса и 4 за својата татковина.

Од головите на Роналдо 8 се од пенал (6 за Реал и 2 за Португалија), додека Меси има постигнато 9 гола од пенал. Аргентинецот има предност за головите надвор од казнеиот простор – 11 за Каталонците. За „кралевите“ пак Роналдо има само 4 гола надвор од шеснаесет метри.

Многу сериозна предност има Португалецот при головите со глава – 11:1. Роналдо има постигнато 31 гол со десна нога и 10 со послабата лева нога. Меси има 45 гола со левата и само 7 со десната нога.

Реал и Барса победиле три четвртини од натпреварите во 2017 година во кои нивните големи ѕвезди биле на теренот. Статистиката на „кралевите“ е 75,3% победи, додека Каталонците победиле на 75,6%.

Двете големи ѕвезди ќе излезат еден против друг во сабота на големото „Ел Класико“ за да ја дефинираат комплетната статистика за 2017 година.