Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веднаш по ставањето на потврден печат на титулата во Серија А, осма по ред за неговиот клуб Јувентус со синоќешната победа, фудбалскиот ас Кристијано Роналдо заедно со Георгина заминаа за Дубровник, на малку мерачење и одмор во јадранската морска идила.
Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.
Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини околу 7.000 евра.
Во истата вила престојувале и Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс и други славни личности од светот на шоубизнисот.
Со прекрасниот поглед од нивниот апартман во преубавата вила на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.