Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја потврди својата целосна доверба во директорката на фондот Кристалина Георгиева откако пристигнаа обвинувања на нејзина сметка за притисоци врз персоналот во Светска банка да измени податоци за Кина, пренесува Дојче Веле.
Извршниот одбор одлучи така откако го проучи извештајот на фирмата ВилмерХејл, во кој Георгиева се обвинува дека во 2017 година, кога била извршна директорка на Светска банка, со притисоци влијаела врз нејзиниот персонал да ги промени податоците за Кина за да се подобри резултатот на земјата во годишниот извештај „Дуинг Бизнис“.
Одборот во понеделникот изјави дека има доверба во преданоста на Георгиева да ги задржи највисоките стандарди за управување и интегритет.
Во исто време, беше нагласено дека се планираат дополнителни чекори за зајакнување на мерките за заштита со кои би се заштитила непристрасноста на персоналот на ММФ, како и да се обезбедат канали за разгледување на обвинувања и надминување на несогласувања.
Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, ѝ порача на Георгиева оти извештајот за работата на Светска банка за нејзиното работење „отворил легитимни прашања“, но дека поради недостаток на директни докази промената на водството на ММФ е неоправдано. Таа во изјавата нагласи оти треба да се преземат „проактивни чекори за да се зајакне интегритетот и веродостојноста на ММФ“, а дека Георгиева и остнатите лидери во ММФ мораат да ја обноват својата заложба за транспарентност во истражувањето, анализите и политиките на фондот, нагласи министерството во соопштението.