Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо настојува клубот да му даде нов договор со подобрени финансиски услови.
Откако вчера весникот „АС“ објави дека Роналдо се чувствува измамен од претседателот Перез кој одбива да му понуди нов договор, денес каталонскиот „Мундо Депортиво“ ја продолжи сторијата.
Весникот исто така тврди дека Роналдо негодува поради фактот што заработува многу помалку од Меси и притоа ги цитираат неговите зборови кои им ги поверил на своите најблиски.
„Непочитување е Меси да заработува повеќе од мене. Јас треба да бидам најплатен како најдобар фудбалер во светот. Постојано ми викаат ’утре, утре’. Не станува збор за пари, туку за статус“, им рекол Роналдо на своите пријатели.
Според медиумите Роналдо годишно добива 21 милион евра од Реал Мадрид, а Меси во Барселона заработува двојно повеќе. Нејмар исто така има поголема плата и заработува 35 милиони по сезона во ПСЖ.
Португалецот смета дека финансиската разлика со другите две ѕвезди е премногу голема и не одговара на неговата класа, па поради тоа е лут на раководството на клубот, особено на претседателот Флорентино Перез.
?? Look who made the @EASPORTSFIFA Team of the Year…
Congrats, @Cristiano! ?
MORE: https://t.co/5OSdqvdwWW #FIFA18 | #TOTY pic.twitter.com/35SIbFdzVT
— Real Madrid C.F.?? (@realmadriden) January 15, 2018