Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Bloomberg објави дека најголемите криптовалути и вчера ја продолжија својата вредносна експанзија, доживувајќи раст на цените за скоро 75 отсто од почетокот на април.
Етереум, Рипл, Биткоин Кеш имаат стекнато досега најголема предност според податоците на „Bloomberg“ и „Coinmarketcap.com“. Пазарниот лидер биткоин поскапе за 3,6%, откако неговиот обем на тргување достигна 2 милијарди долари на десетте најголеми трговски платформи со криптовалути во последните 24 часа.
Бројни валути забележаа раст во април поради нестабилноста на многу од пазарите на акции и обврзници во светот. Трејдерите кои тргуваат со традиционални средства, се наметнува во моментов да ги земат во предвид растечките доходи од обврзниците и прогнозите за инфлацијата, како и менувањето на тонот на разговорите меѓу САД и Кина, како и тензиите меѓу САД и Русија.
И покрај значителното зголемување во април, десетте најтргувани дигитални валути сè уште се тргуваат со над 40% под нивните рекордни вредности, забележани од почетокот на јануари.
Биткоин Кеш само за недела пак успеа да забележи раст во цената од 80%, а основен движечки фактор за растот е претстојната поделба на валутата на два дела.
Биткоинот објави рекордно зголемување на цената минатата година на над 19.000 долари за монета, а некои аналитичари остануваат оптимисти во врска со нивните предвидувања за најпознатата криптовалута. Според основачот на Fundstrat Global Advisors, Томас Ли, биткоинот ќе достигне 20.000 долари оваа година.
Од резултатите на студијата спроведена од Томсон Ројтерс, пак, стана јасно дека секоја петта финансиска институција размислува да започне трговија со криптовалути во следните 12 месеци.
Меѓу испитаниците кои сакаат да тргуваат со криптовалути, како биткоинот, 70% велат дека планираат да тргуваат во наредните три до шест месеци.
Истражувањето опфаќа повеќе од 44 клиенти од платформите на Томсон Ројтерс, вклучувајќи големи менаџери на средства, хеџ фондови и оддели за комерцијални операции во најголемите банки.