„Криминално“ судење во НБА: Како може да не видат вакво нешто!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


НБА лигата со право важи за најдобрата лигата во светот, меѓутоа тоа не може да се каже кога е судењето во прашање.

Судиите во НБА лигата често им гледаат „низ прсти“ на големите ѕвезди, па така беше и синоќа на дуелот помеѓу Хјустон и Голден Стејт.

Во клучните моменти од продолжението Кедвин Дурант беше во аут едно метро. Едниот судија беше покрај бочната линија, а другиот гледаше директно во ситуацијата, но ни еден не досуди аут.

Дурент ја спаси топката и набрзо после тоа Кари погоди за водство на Вориорс, за среќа правдата беше задоволена во следниот напад кога Харден погоди тројка.