Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Синоќа, после полноќ, во ресторантскиот дел од скопскиот хотел „Александар Палас“ имаше престрелка меѓу две групи. Во инцидентот, за среќа, нема повредени, но има материјална штета.
Во ресторанот беа пет лица Е.И (1998) Е.И (1994), О.Б (1984) К.И (1978), Л.Ќ (1994). Петте вооружени лица, најверојатно со автоматски пушки и пиштоли, во црни и црвени маски на главата откако излегле од автомобилот „Туарег“ отвориле оган кон ресторанот додека тројца од нив влегле во хотелот извикувајќи „полиција, полиција“ и почнале да пукаат со оружје и го напуштиле местото на настанот со автомобилите „Туарег“ и „Порше“ “-изјвија од МВР.
Во моментот на пукањето, во ресторанот имало и полицаец кој испукал 11 куршуми од службеното оружје кон сторителите.Алсат дознава дека неколку часа подоцна, автомобилот „Туарег„ бил пронајден запален во с. Арачиново, каде биле пронајдени И две автоматски пушки. Исто така е пронајден уште еден оштетен автомобил пред хотелот „Александар Палас“.
„Додека однадвор изгледа сè нормално, синоќа во овој хотел се случи престрелка со огнено оружје помеѓу две групи. Побаравме да погледнеме внатре за да видиме каква е ситуацијата, но не ни дозволија. Сепак, од сликите и краткото видео што ги обезбедивме, внатре се работи на санирање на штетата предизвикана од куршумите“
Од ВМРО-ДПМНЕ; коментирајќи го случајот, изјавија дека овој настан докажува дека МВР не е ефикаснО во својата работа.
Од МВР додадоа дека истрагата по сторителите е во тек и работат на расчистување целиот случај.