Криминалците со душа чекаат да ги апси оваа секси полицајка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Саманта Сепулведа е 32-годишна полицајка од Њујорк од која, судејќи според изгледот, криминалците два пати би размислиле дали да бегаат од неа. Како што пишува New York Post, таа нема проблем со криминалците, бидејќи сите се споремни да соработуваат со неа.

„Секогаш успевам да ги наговорам да дојдат со мене бидејќи не сакаат да се караат“, вели секси полицајката која воедно е и ѕвезда на Инстаграм.

Во полицијата влезе во 2010 година, а три години подоцна стана и модел за долна облека, по убедување од нејзина пријателка.

„Кога сум на работа, не носам шминка и косата ја носам врзана во опавче“, вели таа која на улица често слуша дофрлања на нејзина сметка од типот: „Можеш да ме уапсиш кога што ќе посакаш ти“.

„Има помалку агресија кога е полицајка на терен“, тврди Саманта. Во еден случај се обидувале да уапсат семеен насилник кој се заканувал дека ќе ги застрела полицајците. Кога ја видел Саманта се смрзнал.

„По ѓаволите, ти си најсекси полицајката која сум ја видел, може да те носам на состанок?“, ја пашал пред таа да го уапси.