Advertisements
Вебкафе

Крило Јесеница – хрватското село на милионерите

Крајморското хрватско селце Крило Јесенице е место во кое живеат милионери чие богатство е лоцирано во морските јадрански води.

Жителите на Крило Јесенице, сместено на половина од магистралниот пат од Омиш до Сплит, поседуваат вистинско богатство – во морето.

Тие се сопственици на флота од дури 180 помали „крузери“, пишува „Јутарни лист“, од кои и најмалиот туристички брод вреди најмалку половина милион евра.

Најновите чинат и повеќе од три милиони евра, а вкупно би можеле да вредат дури повеќе од двесте седумдесет милиони евра.

Статистички, секој четврт жител на ова место е сопственик на еден крузер (вклучувајќи ги децата и нивните баби и дедовци). Во реалноста, 70 семејства на ова мало место се имотни бродосопственици и држат дури 75 отсто од вкупната национална флота на овој вид на бродови.

И тоа не е сè – тие секоја година произведуваат 10 до 20 нови „хотели на бранови“, а сите мали бродоградилишта се затрупани со нарачки и неколку години однапред.

Правилото дека секој капетан мора да има онолку бродови колку што има синови одамна е прекршено, па и членовите од поширокиот круг на семејството имаат задолженија на бродовите.

Advertisements

Најпопуларно

To Top