„Крикот на Русковска“ – писмо од Чавков до обвинителката


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Писмото кое Митко Чавков го упати до обвинителката Вилма Русковска по нејзиното обраќање во кое ги повика и амбасадите заради тензиите со првиот човек на Управата за финансиска полиција го објави ќерката на Чавков.

„Македонија ниту е диктатура, ниту e монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни и поранешни функционери’. Силно ќе извика Вилма! Неспорно е дека и самата е заплеткана во ‘мрежа’ во чие развивање имаше клучен удел. Но, неспорно е и тоа дека на сцената се одвива судир на ‘мрежи’.

Се заплеткаа самите и нека им е, не навлегувам во тоа…

Во овие судири кои ќе ескалираат, се повикува на 8% од јавноста и ги повикува највлијателните амбасади со што индиректно им наштетува во очите на јавноста.

Се повикуваш на образ, чест и углед или поточно на вредности и на професионален интегритет?

Ниту образ, ниту углед, ниту чест, ниту интегритет имаш!

Но, да се вратам на вистинската причина, суштина и природа на твојот крик. Веднаш да потенцирам, твојот крик ниту е од болка, ниту е од изненадување, ниту е од ужас, твојот крик е од очај и страв. Но не страв поради немањето на образ, чест и углед, ниту страв заради кршењето на темелните принципи за постапување на еден обвинител – законитост, легалитет, леитимитет, објективност и непристрасност во континуитет од 2004 година па наваму!

Твојата загриженост, очај и страв се последица на бруталната злоупотреба на правото на кривично гонење, подеднакво слугувајќи на поранешни и сегашни функционери!

Неморалноста и нестручоста се твоите заштитни знаци и од тука е и твоето слугување од 2004 година до денеска, со злоупотреба на правото на кривично гонење. Премногу се случаите на злоупотреба на правото на гонење кои се вистинската причина за твојот очај и страв.

За политички конструирано обвинение за 27 април и за судскиот процес во кој ја имаше клучната извршителска улога мене и еден дел од претходно обвинетите според политичката ждрепка не прогласивте за државни непријатели. Нема да зборувам за квалификацијата, нема да зборувам за незаконитостите во преткривичната постапка, за незаконските притвори, за прекршувањето на правото на фер судење, за заканите и уцените према сообвинети да сведочат лажно против мене доколку сакаат да бидат ослободени. Не, нема да зборувам за тоа, сѐ до изјаснувањето на Врховниот суд, до завршувањето на последната инстанца.

Да се вратам на твојот минат труд.

Во ноември 2008 година пред да истече твојот мандат во обвинителството за организиран криминал беше разрешена од тогашниот јавен обвинител кој, по силни политички притисоци, мораше да ја повлече својата писмена одлука. Не знам тогаш за твое одење по амбасади на кои и сега се повикуваш ама лично знам дека пет дена помина висејќи пред и во кабинетот на УБК. Тоа висење даде резултат за тебе, но и непишан, но траен доверителско-должнички однос.

Поради твојата нестручност и непрофесионалност, но и пред сѐ поради порачките од твоите доверители, тогашни и сегашни, многу случаи квалитетно изработени од Одделот за борба против организиран криминал, ги упропасти што резултираше со долги и неправедни постапки. Ги има многу, но и тие што беа последица само на твојата нестручност, воопшто не те загрижуваат.

Очајот и стравот потекнуваат токму од порачаните, а особено од оние кои се водеа со примена на посебни истражни мерки, а мораше со злоупотреби да ги затвориш…

Многу се на број и оние кои ги упропасти поради нестручност на штета на правата за обвинетите и на правдата вооошто. Тука се и случаите кои мораше да ги прекинеш во преткривична и истражна постапка и оние кои не требаше вооошто да ги процесираш. Тука се и случаите кои беа процесирани, меѓутоа селективно водени без проширување кон одредени моќници.

Само ќе те потсетам на ‘Змиско око’ и на ‘Детонатор’, упропастени како случаи и за gazeweto по правата на обвинетите, на ‘Феникс’ кој мораше да го затвориш и покрај неспорнати докази за организиран криминал обезбедени со примена на посебни истражни мерки и случајот за ‘за изборни нерегуларности’ во изборниот процес на изборите во 2016 година.

Но има и многу конкретни факти и докази кои се вистинската причина за твојот крик за твојот очај и страв.

За 27 април има време кога ќе се расправа во судска постапка каде ќе ја имаш една од главните улоги, ама не како овластен тужител!

Очај и страв“, напиша Чавков.