Креспо: Мурињо пред камерите е една, а во соблекувална друга личност!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Челзи, Ернан Креспо верува дека Манчестер Јунајтед ќе ја освои титулата во Премиер лигата благодарение на Жозе Мурињо и напаѓачот Ромелу Лукаку.

„Мислам дека Јунајтед ќе ја освои титулата бидејќи Мурињо никогаш не губи во својата втора сезона. Жозе е еден од најдобрите на светот – создаваше историја каде и да работеше, во Порто, Интер, Челзи, а сега може и во Јунајтед“, изјави Креспо кој заедно со „Специјалниот“ ја освои Премиер лигата во 2006 година.

„Тешко е тоа да се објасни, но кога играш за Мурињо, се чувствува како да сум најдобар напаѓач на светот. Постојат две различни личности – еден е Мурињо пред камери, а сосема друг во соблекувалната. Повеќе ми се допаѓа оној од соблекувална, пријателски е настроен. Ми се допаѓаат неговите методи на работи и тоа како го мотивира тимот“, изјави Креспо.

„Мислам дека првите четири тима ќе бидат Јунајтед, Челзи, Сити и Арсенал. Премиер лигата оваа година е фантастична и тука се најдобрите менаџери на светот“, прогнозираше Аргентинецот.