Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Три шпански, две германски и по една англиска, италијанска и француска екипа – так аизгледа списокот на учесници во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тоа е кремот на европскиот фудбал за оваа сезона.
Освен пласманот на Лестер меѓу осумте најдобри, нема некое друго поголемо изненадување. Иако, пробивањето на ланскиот шампион од Премиер лигата во четвртфиналето и не може да се смета за сензација. Но, затоа, списокот на останатите седум е вистински спектакл. Шампионот на Европа, шампионите на Шпанија, Германија и Италија. Најефикасниот клуб во Европа. Двојниот финалист во последните три години. Плус Борусија Дортмунд. Што да се каже повеќе на овие податоци?
Четвртфиналето од оваа сезона на Лигата на шампионите ни гарантира барем едно големо дерби. Дури и две, ако се смета Борусија Дортмунд за дел од кремот на европскиот фудбал. Жребот за четвртфиналните дуели е во петок на пладне. Не е диригиран и може секој да игра со секого.
Можните се меѓусебни дуели на Барса, Реал, Јувентус, Баерн, Атлетико, Борусија…но, не знаеме дали великаните треба да им се радуваат ако им бидат извлечени за противници Лестер или Монако?
Што и да кажат топчињата во Нион, не чека феноменално четвртфинале на 11 и 12, односно 18 и 19 април. Осминафиналето по ефикасност беше спектакуларно, се надеваме дека динамиката во ЛШ ќе продолжи во таков стил.