Кремљ: САД ако сакаат можат да ја завршат војната во Украина, ама не сакаат


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Официјален Кремљ порача дека американскиот претседател Џо Бајден го има клучот за завршување на конфликтот во Украина со насочување на Киев, но дека официјален Вашингтон досега не сакал да го употреби.

„Клучот на киевскиот режим главно е во рацете на Вашингтон“, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на конференција за новинарите. „Сега гледаме дека актуелниот лидер Бајден не сака да го искористи овој клуч. Напротив, тој го одбира патот на понатамошно пумпање оружје во Украина“.

Москва често го обвинува Вашингтон дека го контролира Киев и дека го продолжува конфликтот снабдувајќи ја Украина со оружје. Соединетите Американски Држави тврдат дека Русија неиспровоцирано ја почнала војната и дека може да ја сопре со повлекување на своите сили.

Односите меѓу двете сили паднаа на историски ниско ниво во текот на минатата година, а Вашингтон неделава објави дека ќе ѝ испорача на Украина 31 тенк М1 Абрамс во вредност од 400 милиони долари за неколку месеци.

Русија порача дека секоја испорака на тенкови Абрамс е фрлање пари бидејќи „ќе горат“ исто како другите тенкови во Украина.