Кремљ порача: Изборите во САД нема да донесат никакво подобрување во лошите односи меѓу Москва и Вашингтон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кремљ соопшти дека американските меѓуизбори нема да ги подобрат лошите односи меѓу Москва и Вашингтон. Притоа, тој ги отфрли обвинувањата дека Русија се мешала во американските избори, пренесоа руските државни медиуми.

„Овие избори се важни, но не треба да се преувеличува нивната краткорочна и долгорочна важност за нашите односи“, ја пренесе РИА изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.

„Овие избори не можат да променат ништо важно. Односите се и ќе останат лоши“, додаде тој.

Песков рече дека Москва е толку навикната да слуша дека се меша Русија во американските избори што не обрнува внимание на новите обвинувања.

Портпаролот на Кремљ, исто така, им рече на новинарите дека е премногу рано да се зборува за дијалог со САД за продолжување на Договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ.