Home Вебкафе Креираа безбедна криптовалута користејќи нуклеарен отпад

Креираа безбедна криптовалута користејќи нуклеарен отпад

Создавачите на  З-кеш криптовалутата со помош на радиоактивен отпад од некогашна нуклеарна електрана во украинскиот град Чернобил успеаја да создадат безбеден криптовалутен систем.

Со раиоактивен графит земен од местото каде што во 1986 годиниа се случи нуклеарната катастрофа Рајан Пирс и Ендрју Милер успеаја да произведат гама и бета зрачење со низок интензитет.

Тоа зрачење им овозможило генерирање на случајни броеви, кои ќе бидат користени за креирање криптографски параметри за Зкеш. Целата акција ја спровеле во текот на летото во мал приватен авион со кој летале на висина од околу 1.000 метри над американските држави Илиноис и Висконсин.

Со тоа сакале да бидат сигурни дека кодот што ќе се користи за креирање на Зкеш нема, на било кој начин да биде пробиен.

„Целата постапка е направена за околу 30 минути, со што барем во теорија, е креиран безбедносен код што ќе помогне во градењето на Зкеш“ вели Милер.

Зкеш во моментов се наоѓа на 26-тото место по вредност помеѓу светските криптовалути.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ичиго Ичиe – јапонска филозофија што нè учи како да ја пронајдеме среќата во секој момент од животот

ИЧИГО ИЧИЕ – ЈАПОНСКА ФИЛОЗОФИЈА КОЈА НÈ УЧИ КАКО ДА ЈА ПРОНАЈДЕМЕ СРЕЌАТА ВО СЕКОЈ МОМЕНТ…