Креативно семејство: Сиот мебеле дома го заменија со гимнатички справи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Семејството Карен нема ни телевизор, ни столови, а својот животен простор го организира во духот на вежбањето и рекреацијата, кои во нивниот дом заземаат најмногу место.

Мајкл, Кејт и нивните деца Роан и Фин животниот простор во својот дом го ставија во функција на вежбањето и гимнастиката. Во една просторија им се сите кревети и она малку облека и играчки кои им се неопходни, а остатокот од домот го претворија во гимнастичка сала.

18.3.gimnastika-doma1

„Повеќето луѓе мора да одат до теретана за да вежбаат, но јас повеќе сакам физичката активност да биде мој начин на живот“, вели Кети, биомеханичар и автор на книга за усогласување на работата и рекреацијата.

Ќе се запрашате како изгледа еден ден целосно поминат во физичка активност? Тато Мајкл ги скрати ногарките од кујнската маса, за сите да клечат додека јадат. Садовите се распоредени во ниски ормари, па секој што ќе сака да си земе некој сад кој му е потребен ќе треба да клекнува секогаш кога ќе зема нешто. Сите спијат во иста соба и тоа на ниски легла сместени на дрвени палети, што бара поголем напор за станување и легнување.

18.3.gimnastika-doma2

Кети ваквиот начин на живот го осмисли поучена од своето тренерско искуство од колеџ. Нејзините штитеници имале болки во колената, колковите и грбот, веројатно бидејќи им недостигала физичка активност. „Како што не можете да станете здрав од една изедена салата, ако цел живот живеете јадете слатки, така ни еден тренинг не може да помогне ако постојано седите“, објаснува таа.

Доброто држење на телото за неа е многу важно, па поради тоа ходникот им е поплочен со речни камења, бидејќи сè почнува од стапалата, на кои им е потребно да ја почувствуваат подлогата и да ги придвижат сите зглобови. Затоа сите одат боси, а тоа го прават дури и надвор, кога има услови за такво нешто.

18.3.gimnastika-doma3

Во дворот имаат големи скали развлечени меѓу дрвата, за качувањето да го направат понапорно. Поставија и греда, јаже за нишање и уште едно за балансирање. „Кога сакам да разговарам со сопругот или децата, тоа го правиме додека вежбаме“, вели Кети.

За гостите во нивниот дом имаат поставено дрвена клупа и прозорски седишта, како и масиче за кафе. Но, два-три пати неделно семејството Карен се менуваат со комишиите во готвење заеднички оброци. Така децата се дружат и социјализираат, а родителите имаа слободен ден за себе.

18.3.gimnastika-doma4