Креативни цајкани: Го однеле пијан дома и направиле селфи со неговиот телефон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Момче од Тасманија имало „незаборавена вечер“ со многу алкохол, па на крајот стигнало дома со полициска придружба.

Но, приказната не завршува тука. Имено, откако го сместил момчето во креветот, полицаецот направил селфи со неговиот телефон.

Пијаното момче не се сеќава на целиот настан, но „доказот“ го пронашло следниот ден во телефонот.

Изненаден и воодушевен тој фотографијата ја објавил на социјалните мрежи.

Истото го сторила и полицијата, порачувајќи им на луѓето кои излегуваат на забава да си испланираат враќање дома пред да се опијанат.

– Луѓето треба да се држат заедно и да внимаваат едни на други кога излегуваат или кога се враќаат дома, стои во описот на фотографијата на полицијата.

Иако не е нивна должност да ги носат дома пијаните жители, полицајците наведуваат дека се подготвени да им помогнат на луѓето во алкохолизирана состојба.