Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сторителот, преку необезбедена гаражна врата, влегол во дворот, а потоа со употреба на алат ја отворил влезната врата од куќата, се качил на катот од куќата, украл околу 5.000 евра, и побегнал
Пет илјади евра се украдени од куќа во Виница на новогодишната ноќ, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, З.М. (42) во Полициската станица Виница телефонски пријавил дека во периодот од 22 часот на 31 декември до 00:15 часот на 1 јануари непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа.
– Сторителот, преку необезбедена гаражна врата, влегол во дворот, а потоа со употреба на алат ја отворил влезната врата од куќата, се качил на катот од куќата, украл околу 5.000 евра, и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР во редовниот Билтен.