Кратка „брачна среќа“ за Николас Кејџ: Се оженил „камен“ пијан – по три дена побара развод


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот холивудски актер Николас Кејџ неодамна се разведе од Ерика Коико, со која минатиот месец се венчаа и склучија во Лас Вегас.

Брачната среќа за актерот траеше само три дена, за потоа актерот да побара да се поништи бракот од една едноставна причина – „не се сеќава дека се венчал, бидејќи бил пијан“.

Меѓутоа тоа не е крај на сагата, бидејќи Ерика Коике, поранешната жена на Николас Кејџ сега бара алиментација на суд.

Коико наводно од судот побарала да не се согласи на барањето на актерот за поништување на бракот и навела дека пред склопувањето на бракот била во љубовна врска со Кејџ една година, како и тоа дека актерот после прилично јавниот развод и се јавил и барал да се помират.

Штом признал дека бил толку многу пијан и не знаел дека се жени, веројатно сфатил дека не потпишал ниту предбрачен договор пред да рече “да“.