Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со објаснување дека кратењето на работни места во компанијата е со цел да се развиваат меѓупланетарните летови, од SpaceX на Илон Маск најавија дека ќе од компанијата ќе бидат отпуштени 600 вработени.
„Ова беше многу тешка одлука“, стои во мејлот кој работниците го одбија од претседателката на компанијата, пренесува Los Angeles Times.
Во соопштението се наведува дека компанијата на отпуштените работници ќе им обезбеди двомесечна плата како и други социјални примања, а ќе им овозможи и помош во понатамошниот развој на кариерата и потрага по друга работа.
Во писмото Гвини Шотвел објаснува дека SpaceX мора да го намали бројот на вработени со цел да ги задоволи потребите на потрошувачите и успешно да ги развива меѓупланетарните вселенски бродови.
Американскиот весник потсетува дека компанијата и претходно повремено го намалуваше бројот на вработени.