Кралското семејство ги објави првите фотографии од принцот Луи Артур Чарлс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон ги објавија првите официјални фотографии од новородениот принц Луи кој на свет дојде пред нешто помалку од две недели.

„Војводата и Војвотката сакаат да се заблагодарат на сите за убавите пораки по повод раѓањето на принцот Луи и роденденот на принцезата Шарлота“, се наведува под фотографиите објавени на Twitter.

На едната објавена фотка бебето е само, додека на другата фотографија малиот принц го држи неговата тригодишна сестра, принцезата Шарлота. Фотографијата ја направи нивната мајка Кејт Мидлтон на 2 мај на прославата на третиот роденден на Шарлота.

Луи Артур Чарлс е роден на 23 април. Петти во низата за престолот во Кенсингтонската палата и шести правнук на кралицата Елизабета II.