„Кралот“ на земјениот терен уште еднаш неприкосновен: Надал го елиминираше Ѓоковиќ од Ролан Гарос


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вчера вечерта во Париз љубителите на тенисот беа сведоци на уште една тениска класика одиграна помеѓу великаните Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Шпанецот го доби мечот со 3:1 во сетови 6:2, 4:6, 6:2 и 7:6 (4). Српскиот ас одбрани три меч-топки во тај-брејкот од четвртиот сет, но во најважните моменти непосредно пред нив беше целосно надвор од ритам.

Ноле одигра меч со многу осцилации, во некои делови делуваше незапирливо, во други како да е 450. играч на теренот на АТП листата, а тоа го чинеше на крајот пораз.

Надал најмногу зависеше од формата и моменталното расположение на Новак, а настаните ги контролираше онолку колку што му дозволуваше Ѓоковиќ.

Оваа 59 пресметка на двајцата титани во светот на тенисорт траеше повеќе од четири часа и беше решена во тензичен тај-брејк од четвртиот сет, а со овој пораз Новак го загуби првото место на АТП листата.

За да останеше на светскиот врв, мораше да ја одбрани титулата што ја освои минатата година и да го спречи Данил Медведев да се пласира во полуфиналето.

За пласман во големото финале Надал ќе игра против Александар Зверев (Германија) кој со 3:1 (6:4, 6:4, 4:6, 7:6) го елиминираше Карлос Алкараз од Шпанија.

Втората полуфинална двојка во машка конкуренција ќе се дознае по одигрувањето на останатите четвртфинални мечеви Рубљов – Чилиќ и Руд – Руне.