Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кралот на земјениот терен во тениската елита, Рафаел Надал, буквално си поигра на теренот во Рим со Новак Ѓоковиќ во финалниот дуел од овој Мастер и го совлада Србинот со 6:0, 4:6 и 6:1 за вкупно 34 мастерс трофеј во кариерата и 9-та на Мастерсот во Рим.
Надал беше исклучително убедлив на стартот против Ѓоковиќ и по 38 минути поведе со 1:0 во сетови без ниту еден загубен гем што е прв таков случај во досегашните 142 сета во нивните меѓусебни дуели.
Во вториот сет Новак, сепак, не дозволи целосна бламажа и го реши во своја корист со 6:4 израмнувајќи на 1:1 во сетови. Но, третиот сет Надал го одигра еднакво брилјантно како и првиот, направи брејк на стартот и го доби со 6:1.
The ? of clay is back in business…
That’s 34 #ATPMasters1000 ? for Rafa Nadal ?
? @TennisTV #ibi19 pic.twitter.com/c2m0dnOAcp
— ATP Tour (@ATP_Tour) May 19, 2019
Со освојувањето на својот 34. Мастерс турнир, Надал сега повторно е најдобар во таа категорија во историјата на тенисот. Новак остана со 33 освоени Мастерси од категоријата АТР 1000.
Во меѓусебните дуели на земја, Рафа води против Ѓоковиќ со 17:7, додека во вкупниот меѓусебен скор, Ѓоковиќ е подобар со 28:26.