Кралот на порнографијата исфрлен од доделувањето на награди!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Порно иконата Рон Џереми (64), кој е обвинет за силување и сексуална злоупотреба, беше исфрлен од овогодинешното престижно доделување на наградите AVN во Лас Вегас.

Едно од најголемите имиња во порноиндустријата на сите времиња беше оневозможен за добивање на престижниот AVN порно Оскар поради кршење на правилата за однесување, наведува The Blast.

Причината за оваа одлука е текстот кој во ноември, минатата година, го објави Rolling Stone, во кој беа опишани деталите за повеќегодишна сексуална злоупотреба која актерот ја вршел врз жените.

Рон верува дека неговото исфрлање апсолутно не е фер. Освен тоа, признава дека со години пофаќал жени, но „и дека луѓето го пофаќале него во исто време“. Наведе дека таквите ситуации се она што публиката и фановите го очекуваат, она за што е платен, а тврди дека многу од обвиненијата упатени на негова сметка, во суштина, се гнасни лаги.

Ова е прв пат во 38 години Џереми да биде исфрлен од доделувањето на AVN наградите, а актерот се надева дека следната година пак ќе биде повикан.

Рон Џереми има глумено во над 2.000 филмови за возрасни, поради што влезе во Гинисовата книга на рекорди. Го сметаат за икона на порнографската индустрија, па ова беше големо изненадување за многумина.