Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За време на говорот на францускиот претседател на лидерскиот политички самит по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна, во серијата грешки при организацијата и некои комични ситуации, се најдоа и американскиот претседателски пар Меланија и Доналд Трамп и мароканскиот претседател Мухамед VI.
За време на говорот на претседателот на Франција Емануел Маркон, камерата го фати моментот кога кралот, кој седеше до првата дама на САД, Меланија Трамп, заспа.
Трамп одеднаш го забележа тоа и му упати еден долг и лут поглед на мароканскиот крал, кој, како што се гледа од снимката, не го ни забележа тоа оти спиеше човекот.
Некои коментари на социјалните мрежи, сепак, укажуваат на тоа дека Мухамед VI заспал поради силни лекови, бидејќи тој наводно имал неколку операции во последно време.