Кралот на Инстаграм доживеал два срцеви удари после четири дена пиење, кокаин и оргии


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ден Билзеријан живее живот на кој му завидува поголемиот дел од машката популација во светски рамки. На Инстаграм го следат над 22,6 милиони фанови кои секојдневно се восхитуваат на неговиот расипнички и разуздан живот. Но, факт е дека таквиот живот си зема и данок и си носи последици.

Пиењето по цел ден и консумирањето големи количини дрога никако не се добри за ничие здравје, па ни за она на Билзеријан. А тоа го потврди и самиот Ден, признавајќи дека два пати речиси бил мртов.

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

Во интервју со Греам Бесинџер, Билзеријан опиша дека четири дена пијанчење и дрогирање го испратиле во болница во критична здравствена состојба.

Во тоа време имал 25 години, а одењето на скијање необјасниво завршило во Лас Вегас, кој се наоѓа среде пустина. Во четири дена тој зел шест пати повеќе од препорачаната и дозволена доза Вијагра, исшмркал еден куп кокаин, а сето тоа го залил со многу алкохол.

Прво што почувствувал, како што кажува самиот, биле болки во рамената, кои одлучил да ги реши со склекови. Кога болките не само што не ослабеле, туку станале и засилени, па тој почнал тешко да дише, сфатил дека можеби е време да оди во болница. Да, сам пошол во болница, без да го носи некој друг.

A post shared by Dan Bilzerian (@danbilzerian) on

Во болницата лекарите му дијагностицирале срцев удар и му го спасиле животот, но веќе следниот ден Билзеријан доживеал нов инфаркт. И него некако го преживеал, а целата приказна ја раскажа на свој начин, така што некои ќе му завидат дури и на инфарктите.

Сепак, ова негово сведоштво докажува дека и неговиот живот доаѓа со доста висока цена и ризик.

Сакаш да играш онлајн казино? На Casinobonus.mk провери кои онлајн казина нудат најдобри услови за уплата и исплата и најдобри бонуси.