„Кралот на банкротот“ ќе биде нов Министер за трговија на САД


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вилбур Рос ќе биде следниот министер за трговија на САД. Ова е решение на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, соопштил висок претставник од преодниот тим, пренесува Wall Street Journal.

Трамп ги повлекува САД од трговскиот договор за транстихоокеанско партнерство, а Рос е познат како „кралот на банкротот”, бидејќи натрупа богатство кое се мери во милијарди од купување на банкротирани компании кои потоа ги крева на нозе. Според проценките на Форбс неговата состојба изнесува скоро 3 милијарди долари.

Причината поради која го поддржувам Трамп е дека ни треба нов, порадикален пристап кон управувањето, рече Рос во телевизиското интервју во јуни. За 24 години како банкар во Ротшилд Рос разви доходовен бизнис во корпоративното реструктуирање.

Во 2000 година тој ја основал сопствена компанија и стекнува дел од своето богатство од инвестиции во компании потресени од средниот запад. Во некои случаи тој заработува од ограничување придонеси на работниците.