Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал трета година по ред игра во финалето од Лигата на шампиони, но во Мадрид не се во целост задоволни од оваа сезона, па планираат значително да го засилат тимот ова лето.
„Кралевите“ после неколку години мирување, ова лето планираат вистински „земјотрес“ на трансфер пазарот и се спремни да потрошат половина милијарда евра на двајца фудбалери.
Напаѓачкото трио BBC (Бензема, Бејл, Роналдо) заминува во историја и би требало да се формира ново спектакулатно трио SCN (Салах, Роналдо, Нејмар).
Според пишувањата на медиумите во Шпанија, Нејмар во Реал Мадрид би можел да дојде и пред почетокот на Светското првенство, а за неговите услуги клубот од Мадрид на ПСЖ ќе им плати близу 300 милиони евра.
Од друга страна, Перез е подготвен да плати 200 милиони евра за доведување на Мохамед Салах, кој ја имаше најдобрата сезона во својата кариера, и е еден од главните конкуренти за освојување на „Златната топка“.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид голем дел од споменатата сума ќе ја обезбеди со продажба на неколку свои ѕвезди, пред се Бензема и Бејл кои се на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“.