Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Роџер Федерер продолжува да испишува историја во тенисот. Швајцарецот денес стигна до 20-та Грен слем титула откако во финалето на Австралија Опен го победи Марин Чилиќ со 6-2 6-7 6-3 3-6 6-1.
За Федерер ова беше 6-та титула на отвореното првенство во Австралија со што се израмни со Рој Емерсон и Новак Ѓоковиќ, притоа стана највозрасниот шампион на турнирот во Мелбурн во опен ерата на тениската игра.
Number 20! ?
Federer is the winner of the 2018 #AusOpen pic.twitter.com/WAXUrckSdg
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 28, 2018
Федерер сервираше одлично, имаше 24 ас удари, поентираше на 80% од првите сервиси и на тоа ја градеше играта, додека Чилиќ одговараше со агресвни напади на бекхенд, па мечот го заврши со четири винери повеќе.
Меѓутоа, Хрватот многу повеќе грешеше, 24 топки повеќе ги испрати во аут или мрежа, што го чинеше и победа во клучните моменти од натпреварот.
Федерер е апсолутен рекордер на сите времиња со освоени 20 Грен слем турнири!