Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кралот Чарлс III. бара заинтересирани лица да бидат вработени кај него за да сегрижат за градината во Бакингемската палата.
Имено, Палатата објави оглас за управител на градините во Бакингемската палата, кој ќе има плата од 40.000 фунти годишно. Чарлс е голем љубител на природата, градинарството и екологијата, а во огласот се наведува дека бараат личност која е страсна за растенијата. Се работи 39 часа неделно.
„Како менаџер на градината, ќе бидете одговорни за одржување и презентација на градините на Бакингемската палата по исклучителни стандарди. Ќе бидете горди кога ќе видите илјадници луѓе кои уживаат во нив на забавите во градината“, пишува на веб-страницата на Палатата. Описот на работното место вклучува одржување на тревниците и нега на цвеќињата, особено розите, а се нагласува дека тие ќе бидат исклучително важни во идниот дизајн на кралските градини.
„Со посветеност на хортикултурата, ќе бидете фокусирани на реализација на нашите проекти за зачувување и подобрување на богатиот биодиверзитет на нашите градини. Ако сте страсни за растенијата како и за луѓето, оваа улога ќе ве инспирира да постигнете успех“, продолжува огласот. .
Отворени се позиции и за замокот Виндзор, каде што бараат главен градинар и надзорник. Платата таму е нешто помала, 38 илјади фунти годишно.
„Како Градинарски менаџер ќе бидете одговорни за одржување и презентација на градините и терените на замокот Виндзор и управувањето со функционалниот расадник“, се вели во огласот. Оваа работа, исто така, вклучува грижа за историската градина Моат и специјална колекција на домашни и градинарски растенија од целиот имот, како и комерцијално производство на садници и семиња со кралски печат што може да се купат во локалната трговија.