Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По смртта на кралицата Елизабета II, која почина вчера на 96-годишна возраст, официјално кралскиот трон на Велика Британија го наследи принцот Чарлс, кој официјално го зема кралското име крал Чарлс III.
Кралот Чарлс Трети денес ќе и се обрати на нацијата и тоа ќе биде негов прв говор по смртта на неговата мајка Елизабета Втора, изјави неговиот портпарол.
Британската премиерка Лиз Трас разговарала со кралот Чарлс Трети откако дал изјава пред нејзината канцеларија во Даунинг стрит за да и оддаде почит на кралицата Елизабета Втора и да ја повика Британија да се обедини околу новиот монарх, изјави нејзиниот портпарол.
Тој рекол дека секретарот на кабинетот и кажал за смртта на кралицата во 16:30 часот и дека подоцна ќе одржела состанок со нејзините министри кои ќе бидат вклучени во настаните во чест на кралицата.
Откако принцот Чарлс стана крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, се помести линијата на наследување на круната.
1. Принцот Вилијам, најстариот син на Чарлс и покојната принцеза Дијана. Оженет е со Кејт, војвотката од Кембриџ. Нивните три деца следуваат по редослед на наследување.
2. Принцот Џорџ од Кембриџ, роден во јули 2013 година.
3. Принцезата Шарлот од Кембриџ, родена мај 2015 година.
4. Принцот Луи од Кембриџ, роден во април 2018 година.
5. Принцот Хари, помладиот син на Чарлс и Дијана.
6. Арчи Маунтбатен-Виндзор, дете на Хари и Меган, војвотката од Сасекс, е роден во мај 2019 година.
7. Лилибет Маунтбатен-Виндзор, родена јуни 2021 година.
8. Принцот Ендру, вториот по старост син на кралицата Елизабета Втора и принцот Филип.
9. Принцезата Беатрис, најстарата ќерка на принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон.
10. Сиена Елизабет, ќерка на Беатрис и Едоардо Мапели Моци, родена септември 2021 година.
11. Принцезата Јуџини, помладата ќерка на принцот Ендру и Сара Фергусон.
12. Аугуст Бруксбанк, син на Јуџини и Џејмс Бруксбанк, роден во февруари 2021 година.
13. Принцот Едвард, најмладото дете на кралицата и Филип.
14. Џејмс, виконт Северн, помладото дете на Едвард и неговата сопруга Софи, грофицата од Весекс.
15. Лејди Луиз Маунтбатен-Виндзор, ќерка на Едвард и Софи.