Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кралицата на Велика Британија, Елизабета II, меѓу персоналот кој е во нејзина служба има батлери, коњушари, секретарки, чувари и други вршители на разни дејности кои водат грижа за животот и секојдневието на кралицата. Таа сега на овој тим одлучи да му додаде нов член – слубженик за дигитална комуникација.
Британскиот двор, како што стои на нивната официјална интернет страница, нуди заработка од околу 30.000 фунти годишно, во зависност од искуството на кандидатот кој ќе биде примен, а работното време би било од понеделник до петок, со 37,5 работни часа неделно, во Бакингемската палата. Исто така, кралицата нуди и 33 дена платен годишен одмор.
Кралското семејство сè повеќе ги користи социјалните медиуми со цел да споделува содржини и за комуникација со својата публика, а кралицата не заостанува зад оваа дигитална револуција. Во огласот за работното место се истакнува: „Станува збор за пронаоѓање нови начини за одржување на вниманието врз кралицата во јавноста и на светската сцена“.
Во службената објава се наведуваат уште некои работи кои се однесуваат на идниот кралски службеник за дигитална комуникација.
„Без оглед на тоа дали станува збор за државна посета, церемонија за доделување награди или кралски ангажман, ќе се погрижите нашите дигитални канали доследно да го поттикнуваат интересот и да допираат до публиката. Исто така, ќе помогнете во усовршување и формирање на нашите дигитални комуникации преку аналитика, следење и истражување на нови технологии“, стои во огласот.
Идеален кандидат за оваа служба е лице со диплома кое има искуство во уредување веб страници и има „иновативен и креативен дух, флексибилен пристап и врвни комуникациски вештини“, а рокот за пријавување е до 26 мај.