Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога сте кралица на Англија и вашите потреби се кралски поради што е нужно да имате многу помошници за голем број работи, како од круцијално, така и од нејминорно значење. Но, сите тие за кралицата се битни.
The Evening Standard објави дека кралицата неодамна вработила личност која е задолжена да ги „разгазува и разносува“ нејзините нови чевли, за кралицата потоа да нема проблем со плускавци и други болки и проблеми. Личноста ќе треба секој нов пар чевли да го облече на тенки чорапи и да се шета со нив по теписите низ палатата.
Тоа е само една од низата кралски потреби на Елизабета. Нејзиниот бивш готвач, Дарен МекГрејди, тврди дека кралицата е голем гурман и дека на патувањата често носи своја омилена торта од чоколадо и кекс. Според неговите тврдења, кога кралицата патува во дворецот Виндзор, зад неа во возот се вози готвач кој го носи нејзиниот омилен десерт.
„Секој ден каснува по едно мало парче, додека не ја изеде цела“, вели МекГрејди.