Кралицата свика „кризен состанок“ – разочарана од Хари и Меган


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После најавата и тоа директно во јавност, преку социјалните медиуми, дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл отстапуваат од кралските должности, разочараната кралица Елизабета II свика „кризен состанок“ за оваа ситуација.

Откако британскиот принц Хари и неговата сопруга, војвотката Меган Маркл објавија дека сакаат да отстапат од кралските должности за тоа сепак ќе мораат да се договорат со кралицата Елизабета Втора, која не крие дека е видно разочарана поради овој скандал.

Кралицата Елизабета во понеделник ќе преговара со своите внуци принцовите Хари и Вилијам за да се реши скандалот кој внесе немир во целото кралско семејство.

Потоа Хари по прв пат ќе се сретне „лице в лице“ со Кралицата Елизабета по објавувањето дека заедно со сопругата Меган сакаат да отстапат од кралската должност.

Кралицата Елизабета веќе поставила ултиматум овој скандал да мора да се реши во рок од 72 часа.

Меган веќе заминала за Канада, а нивниот син Арчи го чуваат дадилки. Принцот Хари пак мора да остане дома во обид со семејството да се договори каква ќе биде неговата улога по отстапувањето.