„Кралицата на Снепчет“ доби 14 години робија за организирање и снимање на убиство на дечкото


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


21-годишната Фатима Кан која се претставува како „Кралица на Снепчет“, доби14-годишна затворска казна за организирање и снимање на убиството на своето момче Халид Сафи (18). Морбидната девојка потоа видеото го објавила со предупредување „ова е зошто се закачаш со мене“.

Фатима, инаку службеничка по професија, била опседната со фалење по социјалните мрежи, а неколку дена пред да се закачи со Сафи поставила снимки и фотографии од луксузното летување во Катар.

Своето момче Сафи, инаку барател на азил од Авганистан, со денови го понижувала, не му одговарала на пораките и го нарекувала пропалица. За да се ослободи од него го ангажирала Раза Кан (19), момче кое било лудо вљубено во неа. На Раза не му било потребно многу убедување. Со денови се допишувале и договориле ден кога Фатима и Сафи ќе седат во кафуле во Норт Ектон во Западен Лондон.

Фатима и Сафи седеле во бавчата на кафулето, кога со автомобил дошол Раза Кан и со шрафцигер го избодел Сафи. Наместо да повика итна помош и полиција, го вклучила мобилниот и снимала како момчето лежи на земја и крвари до смрт, а потоа видеото го објавила на интернет со порака „ова се случува кога се закачаш со мене“.

Нејзиниот адвокат на суд во Лондон тврдел дека Фатима е само жртва на двајца мажи кои се бореле за нејзината наклонетост и дека нејзиниот додворувач Раза Кан во „мачо лудило“ го нападнал и убил Сафи. наводно, станува збор за борба на двајца мажи околу жена, а на крајот таа излегла виновна.

Што се однесува до снимката, Фатима рекла дека ја закачила зошто е „зависник од Снепчет“, а адвокатот додал дека иако тоа изгледа бесчувствително, за тоа не може да и се суди.

Меѓутоа судот пресуди дека е виновна за организирање убиство.

„Вашето потценување на Халид досегна нечовечко ниво зошто после нападот мирно одевте кон него додека умираше, што е гротесктно. Го снимивте како умира и го фотографиравте, па испративте ужасна порака на своите пријатели на Снепчет. Тешко е да се разбере како може некој да размислува токлку ладнокрвно, сурово и одвратно. Тажан сум што сфатив дека се тотално нечесна и исклучителна манипулаторка“, рече судијата Мајкл Тополски и ја осуди на 14 години затвор.

Полицијата се уште трага по Раза Кан.