Кралицата Елизабета II и принцот Филип – 70 години љубов и хармонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Tие двајца и денес, после 70 години брак, уште важат за славен пар со еден од најхармоничните бракови, генерално.

Кралицата Елизабета II и принцост Филип, роден како принц од Грција и Данска, но натурализиран како Филип Маунтбатен, своето славно брачно патешествие го започнаа во 1947 година.

Филип и Елизабета се запознале кога кралицата имала 13 години и велат дека привлечноста била инстантна. Иако се венчале во 1947 година, нивната романса започнала години предходно.

После нивната венчавка тие ги добиле титулите Војвотката и Војводата од Единбург. Во 1948 го добиле првиот син, принцот Чарлс, а во 1950 година им се родила ќерката Ана. Потоа ги добиле синовите Ендру и Едвардс.

Во сите овие бурни години од мешавина на приватен и професионален (политички) брачен живот, тој секогаш е крај неа и секогаш со љубов ја следи на сите страни.