Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќа имавме супер интересна вечер во Лигата на шампионите, а Реал Мадрид го победи Ливерпул на гостински терен во натпревар со седум гола (2:5).
Не најавуваше почетокот на натпреварот ваква убедлива победа на „кралевите“, напротив Ливерпул поведе уште во четвртата минута со еден мајсторски гол со пета на Дарвин Нуњез. Продолжи Ливерпул да создава шанси и по водството, а со таквата игра Салах го зголеми водството по еден аматерски кикс на Куртоа.
Никој во тие моменти не помислуваше дека ќе следи дебакл за „црвените“ во продолжение. Винисиус Жуниор го постигна првиот гол за Реал во 21-та минута, за во 36-тата голем кикс да направи и Алисон на спротивната страна. На пауза се замина со 2:2.
Само што започна второто полувремето, Лука Модриќ нафрли од еден слободен удар, а Милитао погоди за целосен пресврт. „Кралевите“ за разлика од почетните минути целосно доминираа на теренот, Ливерпул како да се распадна, па така Бензема во 55-тата минута зголеми на 2:4. Десет минути подоцна Бензема го постигна и вториот гол за „петарда“ во мрежата на Алисон, резултат кој се покажа и како конечен.
Во вториот натпревар кој се играше вечерва помеѓу Ајнтрахт – Наполи исто така гледавме отворен фудбал, се создаваа многу шанси, најмногу пред голот на Германците, сепак конечниот резултат беше 0:2. Головите за Наполи ги постигнаа Осимен и Ди Лоренцо. Елмас шанса за игра доби во 80-тата минута и до крајот на средбата заработи жолт картон. Треба да се спомене дека домаќините од 48-та минута играа со играч помалку откако исклучен беше Коло Муани.