Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Реал Мадрид на пенали успеа да го совлада градскиот ривал Атлетико и да го освои трофејот од шпанскиот Суперкуп.
Суперкупот оваа година се играше во нов формат во Саудиска Арабија, а во финалето после 120 минути игра немаше голови.
Иако немаше голови, возбудувањата не изостанаа, па шансите се редеа на двете страни во првиот дел, но Облак и Куртоа останаа несовладани. Во второто полувреме најзрелата шанса ја имаше Валверде, кој од три метри не успеа да ја смести топката во мрежата.
Натпреварот замина во продолженија, каде во 115 минута Реал остана со играч помалку после исклучувањето на Валверде, но „јорганџиите“ не успеаа да ја материјализираат бројчаната предност.
Во пенал серијата кај Реал погодина Карвахал, Родриго, Модриќ и Рамос, а кај Атлетико не успеаа да постигнат гол Саул и Томас, па трофејот заврши во рацете на „кралевите“.
Ова за Симеоне беше уште едно загубено финале, а Зидан остана со максимален учинок, 9 финалиња и 9 победи.